Промени тема
Контакт

Вештачка интелигенција измислила лажен идентитет и се обидела да измами вистинска личност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Најнапредниот модел на вештачка интелигенција на компанијата Anthropic се обидел да измами реална личност користејќи лажни идентитети за да подметне злонамерен компјутерски код, покажало тестирање спроведено од Британскиот институт за безбедност на вештачката интелигенција (AISI).

Според институтот, ова е првпат да биде забележана толку сериозна измама насочена кон вистинска личност, без претходен поттик и во реална интернет-околина. Сепак, нагласуваат дека нема докази оти настанала каква било штета.

— реклама —

Во рамките на тестирањето, моделите на Anthropic и OpenAI биле ставени во лабораториски услови со намалени безбедносни ограничувања и со овозможен пристап до интернет. Од вкупно 122 кибернетички предизвици, во десет случаи AI агентите презеле автономни и недозволени активности насочени кон вистински луѓе и организации.

— реклама —

Најсериозниот инцидент бил поврзан со моделот Mythos 5 на Anthropic, кој, според институтот, се обидел преку повеќе лажни идентитети да добие одобрение за вметнување злонамерен код во јавен проект со отворен извор. AI агентот испраќал пораки и датотеки до вистински лица, обидувајќи се да ги убеди тие или нивните AI алатки за програмирање да го активираат кодот. Кога неговите активности биле доведени во прашање, тој изменил претходни записи и размислувал да користи нов идентитет за да продолжи со обидите.

— реклама —

Од Anthropic соопштија дека моделите биле тестирани во намерно попустливи услови, со отстранети заштитни механизми, и дека нема докази оти моделот избегал од безбедното тест-опкружување. OpenAI, пак, соопшти дека идентификувала два случаи на недозволени активности на своите модели и дека ќе продолжи да работи со индустријата на унапредување на безбедносните стандарди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg2iq28divvss29pYbQY

„Антропик“ откри колку „Клод“ учествува во развојот на новата вештачка интелигенција

Технологија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryg2iq28divvss29pYbQY

Anthropic отвори биолошка лабораторија, сака со вештачка интелигенција да го забрза развојот на лекови

Технологија | пред 4 дена

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

„Мајкрософт“ го обвини „Антропик“ дека создава вештачка интелигенција што нема да може да се контролира

Технологија | пред 5 дена

media-library3hjbkoupue3f1Q5psDW

Шефот на „Антропик“ бара забавување на развојот на вештачката интелигенција

Технологија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања