Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Вети транспарентност, но нема одговор дали МВР ќе се тресе поради издавање документи без „северна“ изминатите пет години

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-02-15-at-11.13.26

Новоизбраниот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски кажа дека ќе биде транспарентен, но веќе на првото прашање за отворање на предмет поради издавање на документи без „северна“ – немаше одговор. Вети дека ќе биде отчетен, но не кажа дали Обвинителството ќе започне предистрага за лицата во МВР кои изминатите пет години нарачувале и пуштале во промет стари обрасци и не овозможиле издавање на документи со новото уставно име, како што било пропишано.

„Во оваа прилика знам дека голем интерес на јавноста е за предметите кои се во тек и тие кои ќе се отворат. Но во денешниот ден, не би навлегувал во детали. Јавното обвинителство ќе формира предмети по поднесени пријави, кои по чуен глас ќе допре до јавниот обвинител и ќе нема селекција при гонење на кривичните дела. Ако има доволно докази, јавното обвинителство ќе поведе постапка“, рече Коцевски во првата изјава за медиумите.

— реклама —

За потсетување, адвокатот Владимир Туфегџиќ посочи дека за ова треба да има одговорност.

„Тој што во изминатите 5 години нарачувал и пуштал во промет стари обрасци и овозможил изработка и издавање на лични документи со важност подолго од 12.02.2024 иако знаел дека важноста на истите е до 12.02.2024, на 13.02.2024 сабајле во 08,00 треба да биде во Јавно обвинителство“, напиша Туфегџиќ пред три дена

— реклама —

По заклетвата, новиот државен обвинител посочи дека ќе постапува според Уставот и законите, па додаде дека искуството ќе му помогне да биде одговорен шеф.

— реклама —

„Со моето долгогодишно знаење мислам дека можам да одговорам на функцијата. Во програмата која ја дадов, основните начела се транспарентноста, а тоа ќе ја поттикне ефикасноста кај јавните обвинители и ќе ја подобри довербата кај јавноста. Тоа треба да биде единствениот орган кој се бори со корупцијата. Ова што го ветувам ценам дека ќе го исполнам. Сега пред јавноста изјавувам дека Обвинителството и јас ќе бидеме отворени за јавноста, ќе бидеме во секое време отворени за информации“, додаде Коцевски.

Неговата биографија не е јавно објавена. Познато е дека ако не беше избран на функцијата, за неколку месеци ќе беше пензиониран.

— реклама —

Screenshot-2024-02-13-at-21.59.54

Ако не го избраа за државен обвинител, годинава ќе одеше во пензија - Коцевски во шест страни кажа што ќе прави шест години на функцијата

Шест страници со многу сликички, од кои, на две се приоритетите, а на по една се клучните стратегии, планираните активности и заклучокот - вака изгледа програмата на новиот државен обвинител Љупчо Коцевски, кој во следните шест години треба да раководи со Републичкото обвинителство. Во старт објаснува што за него значи одговорно лидерство, па покажува дека ја знае организациската структура, по што посочува: „оваа програма ја отсликува мојата визија за приоритетите на обвинителството...“. Коцевск

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања