Вевчанци им одговорија на свештениците од Бигорски манастир, кој ги обвинија за богохулие поради маската на Исус со крст од пивски гајби. Преку социјалните мрежи, вевчанци велат: „Св.Васиља е традиција стара поќе од 1400 години. Постара од МПЦ, постара од Бигорски Манастир“. Ова доаѓа откако и цела јавност побараа религијата да не биде дел од карневал.
„Маските што се присутни на карневалот се олицетворење на неубајната, со цел таа неубајна да се истерат, да избегат лошјот дух. Маскава конкретно што е коментирате и што непотребно барате извинвење го отсликвит чвекот „верник“ како пијаница. Верниците не требит да се пијаници и затва пијаницата е претставена во ваква форма. Пример како не требит да е чвекот кој го носит божјот дух во себе и е создаден од Господ. Драги монаси од Бигорски кој до вчера имавте голема почит од сите вевчанци. Видете се порво самите. Видете го вашјот Епископ Партениј, па чвекот носит илјадници евра златен керст на него. Не е страмота? Не е страмота деца да гладовет, љуѓе со 100 денари да го ворвет денот, а вие да носите керстој златни што чинет илјадници евра?“, велат вевчанци.
Тие додаваат: „За останатата јавност. Не мојт секој да разберит. Не мојт секој да го разберит значењето на хуморот и сатирата која Вевчани е прикажвит кон вас. Истите вие што критиковате за маските Вевчани, маските ве отсликвет вас, вашите грешни постапки низ целата година вметнати се во маските кој на 13 и 14 јануари продефилирвет во Вевчани.
Вевчани било и ќа бидит. Св.Васиља била и ќа бидит. Вие мојт да не сте, ама Св.Васиља Ѐ и ќа Ѐ, стално!“.
Претходно:
Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби: МПЦ наместо седенки со амбасадори да ја осуди оваа маска
Со барање да реагира Синодот на МПЦ, резултираше имитацијата на Исус и крстот од пивски гајби на Вевчанскиот карневал. Новинарот Марјан Николовски упати остра критика и осуда. Потсети дека пред неколку години бил сквернавен Исламот и дека имало пракса тоа да не се повторува.„Пред неколку години кога на сличен начин беше сквернавен Исламот, беше воспоставена пракса да се избегнуваат маски со навредлива содржина кон верските чувства. Ова е класично сквернавење на Христијанството и неговиот столб, Распетието и Воскресението. МПЦ, Синодот, владиците, наместо да се занимава со предмети за екскомуникација на новинари, и со седенки со странски амбасадори, уште вечерва да ја осуди оваа маска и да побара одговорност“, напиша Николовски кој со години ја следи тематиката поврзана со веронауката.Остри реакции за оваа василичарска маска имаше и од граѓаните. Во коментари под објавите има низа осуди.
Македонија | пред 2 години
Бигорски бара извинување за маската со Исус: Исмевањето на верските чувства е злодело за кое се одговара пред Божјиот и државниот суд
Бигорскиот манастир бара извинување од организаторите и учесниците на Вевчанскиот карневал, поради маската со Исус и крстот од пивски гајби.„Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина. Се сеќаваме дека кога во минатото токму на овој карневал се случи поигрување и со чувствата на верниците од исламска вероисповед, што предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија, се воспостави една своевидна практика да се избегнуваат маски со содржини коишто ќе предизвикуваат навреда кон верските чувства – нешто што како апел беше упатено и од општинската власт во Вевчани.Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи, и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд.По овој немил повод, би сакале повторно да напомнеме за карактерот на овие световни манифестации, со коишто на еден потполно туѓ на нашиот менталитет начин, се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар“, велат од Бигорски манастир во реакцијата.
Македонија | пред 2 години