Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Вицепремиерот Николовски не бара разрешување на Рашковски - за него не важел етичкиот кодекс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
48355602_2325087317503323_649044917921775616_n

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, нема да бара разрешување на поранешниот генерален секретар на Владата и актуелен секретар во кабинетот на премиерот, Драги Рашковски, за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци вреден 81 000 евра, кој не го користи ниедна институција, објави  360 степени.

— реклама —

На прашање од „360 степени“ – дали ќе предложи Рашковски да се повлече од функцијата, по примерот на екс-директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, за која токму Николовски лани побара да понесе политичка одговорност додека паралелно тече истрага за случајот, вицепремиерот за борба против корупцијата денеска изјави дека станува збор за различни случаи.

Според објаснувањето, предлогот за разрешување на Димова следувал откако финансиската полиција покренала кривична пријава, а се повика и на владиниот Кодекс за етичко однесување, алудирајќи дека функцијата на Рашковски не е опфатена со тој документ. Етичкиот кодекс, вели Николовски, важи за сите министри, заменик-министри и за сите функционери именувани од Владата.

— реклама —

Актуелната функција на Рашковски, пак, Владата ја воведе лани, со одлука за проширување на канцеларијата на премиерот со три нови секретаријати: Секретаријат за организација и администрација на работата на претседателот на Владата; Секретаријат за комуникации и јавни политики и Секретаријат за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата за работа на Владата. Токму со последниот секретаријат раководи Рашковски. За овие именувања (или разрешувања) решава премиерот.

Повеќе на 360 степени

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања