Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(ВИДЕО) 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски-Саздо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sudenje-4

Обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири добија 19 години затвор за убиството на Никола Саздовски. Третото лице кое е обвинето е во бегство и е недостапно за органите на прогонот.

„Казната ќе се издржи, тие ќе се вратат кај своите семејства. Местото на Никола во неговото семејство ќе остане празно. Последиците се ненадоместливи“, рече судијката при изрекувањето на казната. Тие се прогласени за виновни оти на свиреп начин го убиле Никола Саздовски-Саздо. Тројцата обвинети го бутнале на земја, а потоа го мавале во пределот на главата.

— реклама —

https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2240567676262878/

— реклама —

Основното јавно обвинителство за смртта на младиот Никола Саздовски – Саздо тројцата осомничени лица ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин“, дело кое пред преквалификацијата се водеше како „насилство“.

— реклама —

Ваквата одлука ОЈО, ја образложи со тоа што во текот на истражната постапка биле обезбедени вербални и материјални докази, односно биле испитани повеќе сведоци, бил прибавен обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а особено по изготвеното судско-медицинско вештачење извршено по наредба на јавен обвинител од страна на истиот институт.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања