Со фактура за мобилна галантерија во Македонија биле внесени таблети кои не се регистрирани во Агенцијата за лекови. Полициски службеници асистирале, а еден од нив, имал и задача да биде чистач на патот за да се пренесе стоката. Министерот за вратрешни работи, сподели детали за апсењето на полицајците и царинските службеници, односно акцијата која се одржа завчера.
„Самиот влез на овие таблети е кривично дело“, кажа Спасовски.
За сите царински службеници има докази дека се инволвирани во внесот на овие таблети, кои во документите биле пишани како мобилна галантерија.
„МВР заедно со австриската полиција во Виена запре огромна пратка од 2,2 тони, ист тип на медикаменти, кои се прекурзори, а крајна дестинација требало да е во Скопје“, додаде Спасовски.
Детали за акцијата: Под истрага девет лица за криумчарење и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги - двајца се полицајци
По повеќемесечно постапување под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес од страна на МВР беше спроведена акција на повеќе локации во Куманово и Скопје. Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против деветте лица од кои двајца полициски службеници и петмина царински службеници. Лицата се осомничени дека сториле кривично дело Криумчарење од член 278, а на тројца на товар им с
Македонија | пред 4 години