Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) 22 возила се судрија во Полска, избувна пожар: четворица загинати и 12 повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2024-10-19-192434

Четири лица загинаа, а 12 се повредени во голем судар во кој учествувале 22 возила недалеку од полскиот град Гдањск, јавија локалните медиуми.

— реклама —

Несреќата се случила синоќа околу 23:15 часот по локално време на излезот од автопатот С7 кај селото Борково, јави полската ТВН24. Местото каде што се случи несреќата е дел од јужната обиколница на Гдањск и таму веќе некое време има градилиште.

— реклама —

— реклама —

По инцидентот е приведен 37-годишен камионџија, кој наводно удрил во автомобилот пред него, соопшти полицијата, додавајќи дека алкотестот покажал дека мажот не бил под дејство на алкохол. Во несреќата учествувале вкупно три камиони, а се уште се утврдуваат точните околности под кои се случила.

Полицијата соопшти дека меѓу повредените има и неколку деца. Идентитетот на загинатите не е соопштен. Медиумите јавуваат дека по судирот се запалиле неколку автомобили, а некои целосно изгореле. Според ТВН24, некои смртни случаи најверојатно се последица на пожарот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynndr1i8amb037uuPJHU

Хаосот во Полска не стивнува: Претседателот свика итен состанок

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryg8uq9foqo2e9bjkEsXq

Уапсен уште еден маж во Полска поради закани за убиство на Доналд Туск

Свет | пред 2 седмици

donald-tusk

Итна средба на безбедносните служби поради можен атентат врз полскиот премиер Доналд Туск

Свет | пред 2 седмици

media-library53eflh1375o2b9CigKz

15-годишник со остар предмет нападна тројца вработени во училиште во Полска, едно лице почина

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања