„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) 27ма Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
ums-konferencija

Вечерва се одржа 27 мата годишна конференција на унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Обраќања имаа в.д. Претседателот на УМС, Јован Јаулески и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

— реклама —

Онака насилнички, со целосно газење на волјата на народот тргнаа да го менуваат името и идентитетот. Најлажливо креваа димни завеси, правеа операции, се препелкаа во сопствената жива кал само да го намалат срамот. Ама срамот со промената стои, останува, не се трга таа лузна испишана во душата на секој Македонец. Боли затоа што името е во прашање, но и идентитетот, нашето минато, културно историско наследтсво, историја и образование, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната 27 Годишна конференција на Унијата на млади сили на партијата.

Мицкоски рече дека она што најмногу боли е тоа што во очи го лажат и понижуваат народот, додека ја кршат кичмата, додека го стегаат ременот, и го одземаат воздухот…

— реклама —

-И нема поганост, нема валкана работа која тие ја направија, а толку многу јасно не ја видовме во овој процес. Притисоци, скршени луѓе, измачувања и играње со човечки судбини, уценети пратеници, луѓе кои си го погазија достоинството, ја голтнаа честа и ја поклонија душата на нечестивите. И сето ова на грбот на граѓаните. Таквата трговија која ја правеа за обезбедување на мнозинство во Параламентот поради тоа што немаа мнзоинство и поддршка од народот сакаа да ја засенат со милион пердуви, лажни теми за да се одвлече вниманието. И еве сега денес, кога пердувите ги нема, кога легнува прашината, да ги прашам луѓето од власта свесни ли сте што направивте? Колку многу го разоравте и поделивте општеството? Колку само болка му нанесовте на Македонецот? Му заривте нож во грбот. Му заривте нож во срцето! Го разочаравте. Спиете ли со мирна совест? Колку само многу ја заглавивте државата во безизлез?, праша Мицкоски.

„Владејачката структура, го разградува секој дел од општеството, го понижува народот, ги уценува пратениците“, исткна меѓу другото лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христјан Мицкоски.

„Младите се соочени со многу предизвици, но и се способни да ги надмината, беше речено во обраќањата. Паметните се замолчани од власта, многумина се в затвор, власта не научи да не и веруваме“, рече Јаулески.

 

https://www.facebook.com/UMSVMRODPMNE/videos/303948913586147/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања