Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(ВИДЕО) 51 санкции за возење под дејство на алкохол, 112 казнети мотоциклисти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0016

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на возачите што управуваат возило под дејство на алкохол, како и за санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли, а во текот на вчерашниот ден (11.06) санкционирани се 51 возач за возење под дејство на алкохол на територијата на целата држава, како и 112 возачи на мотоцикли кои не ги почитувале сообраќајните правила на територијата на целата држава, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Крушево.

— реклама —

„Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди, 2020 година е година со најмал број на жртви (125). И во текот на 2021 година продолжува трендот на намалување на бројот на сообраќајни незгоди, како и бројот на жртви. Во периодот од 1 јануари до 15 април 2021 година бројот на сообраќајни незгоди е намален за 12 отсто во однос на истиот период лани, а бројот на жртви е намален за 14 отсто“, рече Ангеловски.

Засилените акциски контроли, според Ангеловски, се насочени пред се кон санкционирање на прекршоците што, според анализите на МВР, се најчести причини за тешки сообраќајни незгоди, како што е возењето со поголема брзина од дозволената, возењето под дејство на алкохол и сл.

— реклама —

„Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, рече Ангеловски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања