На скопскиот плоштад, граѓани со т.н. „ѕвездено небо“ одбележаа шест месеци од трагедијата во Кочани каде загинаа 62 лица. Од плоштадот во Скопје, се испрати порака дека се чека правда. На единствениот транспарент, пишуваше „6 месеци без правда, Кочани“.
View this post on Instagram
Дел од присутните носеа и маички „не умираме од несреќи, умираме од корупција“.
Пред фонтаната, беше ставена фотографија од Андреј од ДНК, а пред него, свеќа. Една од присутните, носеше фотографија и од загинатата Надица која имаше 18 години, а под неа пишуваше „Почивај во мир, те сакам“.
View this post on Instagram