Без дозвола и потребни документи, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, урива и преградува, односно реновира објект што е прогласен за значајно културно наследство, објави „А1он“. Сето тоа без конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културното наследство. Во зградата на поранешното училиште планира да ја пресели општинската администрација сосе него, иако за ова нема одлука од Советот на Општина Струга.
За реновирањето на објектот кој е прогласен за значајно културно наследство, а кое се прави без дозвола, Општина Струга склучила договор вреден 8.998.438 денари или 146.316 евра.