„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) А1ОН: На Водно ќе им никне зграда во дворот – соседите го откупиле земјиштето без да знаат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
kuka-vodno

Маја Сотировска и Жарко Будимовски, двајцата наследници на дуплекс куќа на Водно која од 1968 год им била доделана на нивните родители заедно со голем двор три недели се распаметени оти соседот го откупил од државата дворот што им бил даден на користење, го споиле со нивните мали парцели и се подготвуваат за градење на голем објект, објави А1ОН.

— реклама —

Се обиделе да ја спречат сечата и тие и останатите соседи, но не усеале. Се жалат дека не биле известени ниту за приватизацијата на земјиштето, нити за сечата, ниту пак за градбата што се планира во дворот.

— реклама —

„Незаконски откупиле нешто што не им припаѓа. Откако сето ова почна да се случува, утврдив дека овде има три парцели. Ми кажаа од архитектонско биро дека има три парцели, 1818 на име на ќерките на архитектот Крсте Тодоровски. Другата парцела е 1817, на Гоце Лазаревски, кој живееше до него во помалиот објект, а кој не е тука и живее на друга адреса веќе 25 години, а третата парцела е додадена, 1820. Не знаев дека е направено тоа. Ние сме имале предност за откуп на тоа земјиште“, вели Сотировска за А1ОН.

Таа, заедно со Будимовски, поднела барање за приватизација на дворот во 2014 година.

„Пред истекот на рокот заедно со комшијата поднесовме барање за дворната површина врз основа на користење на земјиштето и правото на владение на овој објект. Се работи, според закон, за 500 квадратни метри”, вели Сотировска.

Добиле одговор дека барањето им е нецелосно и велат дека постапиле по насоките што им биле дадени за комплетирање на документацијата.

„Да се комплетира документацијата. Недостигаше геодетски елаборат. Викнавме геометри, изработија елаборат, во меѓувреме го затуриле. Јас го имам тој елаборат. Требаше да се дополни со цедиња и да се поднесе повторно барање за имотниот лист“, објасни Сотировска.

Постапката не ја завршила поради проблемите кои ја навјасале. Починала Мајка и па брат и, а останала и без работа.

Сотировска и Будимовски бараат мораториум од шест месеци за планираната градба, време во кое би се утврдило на кој начин државното земјиште станало приватно. Сметаат дека Општина Центар ја прекршила постапката оти тие како први соседи и корисници на земјиштето не биле известени дека ќе има сеча и дека ќе почне изградба на нов објект. Известена била една сосетка, која се обидела, но не успеала да поднесе приговор.

Текстот во целост на: А1ОН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања