Промени тема
Контакт

(Видео) Алијанса за Албанците: МВР треба да ги открие и сторителите на палењето на албанското знаме, ВРЕДИ не се осмелува ни да го спомне

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-11-29-134250

Алијанса за Албанците го повика Министерството за внатрешни работи да постапи итно и како што постапи со откривањето на лицата кои го сквернавеа државното знаме, со иста итност да постапи и против оние кои го запалија албанското знаме.

— реклама —

— реклама —

„Доколку оваа акција изостане, тогаш уште еднаш ќе се истакне дека законот и органите на прогонот се селективни во оваа земја и дека дејствуваат само кога Албанците треба да бидат казнети.

— реклама —

Ги повикуваме и губитниците во Владата, коалицијата вреди, еднаш да се ангажираат во корист на Албанците, во одбрана на националното знаме и во донесување правда и еднаквост за граѓаните во државата. Скандалозна е нивната реакција каде од почеток до крај не се ни осмелуваат да го спомнат палењето на албанското национално знаме. Дали ова значи дека некој друг ги пишува соопштенијата а тие само ги преведуваат!?

Ваквото селективно однесување на институциите само кон една етничка заедница, додека толерираат и привилегираат друга заедница, служи само за продлабочување на меѓуетничкиот јаз, зголемување на недовербата на граѓаните кон државата и институционалната дискриминација“, велат од Алијанса за Албанците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците: Да не се повторуваат грешките со запоставувањето на Албанците во историјата на Скопското кале

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците ја поздрави средбата со Бугарија: „Земјата мора да оди напред“

Македонија | пред 4 дена

media-libraryt4lceldpphr8a5i7xg6

Алијанса за Албанците: Ниту еден Албанец меѓу 13-те најдобри наставници

Македонија | пред 6 дена

alijansa-za-albancite

Алијанса: 139 деца примени за 48 часа во Тетово, 12 хоспитализирани – „Каде се сега министрите?“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања