Кандидатот за претседател од Сојузот на Ромите, Амди Бајрам се откажа од претседателската трка и ја дава својата подршка на заедничкиот кандидат на СДСМ и коалицијата и ДУИ, Стево Пендаровски.
Но, пред 5 години, Бајрам не мислеше така. На претходните претседателски избори тој жестоко го напаѓаше Стево Пендаровски.
На митинг Бајрам, за Пендаровски рече:
-Стево Пендаровски киселиот купус го лапнавме како сарма во Шутка. Ќе го нема на вториот круг, со 120.000 гласа во Македонија го победивме, тоа со нашиот претседател за Ѓорге Иванов кој гласавме, рече Бајрам на митинг во Гевгелија за време на кампањата за претходните претседателски избори.
https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/1982405558523894/