„Јовано Јованке“, „Црно и бело“ се само дел од македонските песни кои Џастис Ридс од САД ги пее на македонски јазик.
И Калиопи воодушевена од неговата изведба, сними видео каде пее паралелно со него.
„Ова видео од профилот на Тик-ток на еден млад Американец дојде до мене пред два дена, благодарение на моите фанови. Ми се допаѓа неговата изведба на „Црно и бело“, толку многу што се одлучив за дует опција на неговата објава.
Видеото предизвика лавина од лајкови и коментари, кои не ги очекував, бидејќи ретко користам TikTok. Но, гледајќи дека ви се допадна, можеби ќе ја активираме оваа платформа малку повеќе и поинаку.
Што се однесува до оваа моја евровизиска песна, уште еднаш покажа дека е планетарна и дека Ромео Грил беше во право, кога во Баку, една недела пред мојот настап на Евровизија, реши да ја испеам целата песна на македонски јазик. Така „црно и бело“ станаа историја“, напиша Калиопи.