„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Американски воздушни напади врз Венецуела: Штети на база кај Каракас, прогласена вонредна состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
media-librarym593sn23o06r1u56q36

Американски воздушни напади насочени кон Венецуела предизвикаа значителна штета на инфраструктурата и уништување на возила во воздушната база Ла Карлота, во близина на главниот град Каракас. Нападите ги изведоа американските сили во рамки на воена операција, потврди американскиот претседател Доналд Трамп.

— реклама —

Преку својата социјална мрежа Truth Social, Трамп соопшти дека станува збор за напад „од големи размери“, тврдејќи дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга се заробени и со авион депортирани од земјата. Официјален Каракас засега не ги потврди овие наводи.

Претходно, владата на Венецуела ги обвини Соединетите Американски Држави за напади врз цивилни и воени објекти во повеќе сојузни држави и прогласи национална вонредна состојба.

— реклама —

Нападите доаѓаат по повеќемесечен притисок од САД врз Мадуро, кого Вашингтон го обвинува за вмешаност во трговија со дрога. Венецуелскиот лидер ги негираше обвинувањата и во повеќе наврати изрази подготвеност за разговори.

Потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека властите не знаат каде се наоѓа Мадуро и побара од претседателот Трамп „доказ дека претседателот Мадуро е жив“. Ситуацијата во земјата останува неизвесна, а меѓународната заедница внимателно ги следи случувањата.

Видео материјал од: index. hr

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања