Промени тема
Контакт

(Видео) Ана Бекута протерана од сцена со сила: пееше од комбе за да наплати 40 илјади евра од Чачак, иако публиката бараше да прекине со настап

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library3ptvpdfumpn1dsGDqEi

Синоќа на градскиот плоштад во Чачак настапи српската пејачка Ана Бекута, но концертот наместо празнична атмосфера предизвика револт и незадоволство кај дел од граѓаните. Причината беше сумата од 4,5 милиони динари, односно околу 40 илјади евра, издвоена од градскиот буџет за нејзиниот настап, во време кога голем дел од Србија се соочува со сериозни проблеми поради обилните снежни врнежи и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Активистката од Чачак, Славица Петровска, јавно објави дека токму толкава сума била потрошена за едновечерниот концерт, по што информацијата брзо се прошири меѓу граѓаните. Дел од нив излегоа на плоштадот за време на настапот, не за да слават, туку за да изразат протест против, како што оценуваат, неодговорното трошење на јавните пари.

— реклама —

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како пејачката за време на целиот настап се соочува со свирежи од публиката. Во еден момент, таа изјави дека вакво нешто не доживеала во текот на својата 40-годишна кариера. Иако немало физичка закана, освен свирежи и неколку фрлени снежни грутки, Бекута побарала интервенција од полицијата.

— реклама —

На крајот, пејачката го прекинала настапот на сцената и продолжила да пее од комбе, но и тоа не го смирило револтот. Граѓаните и понатаму ја опкружувале, изразувајќи незадоволство со свирежи.

— реклама —

Реакциите доаѓаат само неколку дена откако Чачак беше зафатен од ледена дожд и снег, поради што градот беше практично парализиран, а надлежните служби, според сведоштвата на граѓаните, со часови не реагирале. Во соседните Лучани беше прогласена вонредна состојба, а околу 4.000 жители останаа без струја поради дефекти предизвикани од силниот ветер и снегот. Во таков контекст, одлуката на локалната власт да инвестира значителни средства во прослава на Српската Нова година предизвика дополнителен гнев, со пораки дека забавата не може да биде приоритет додека граѓаните се соочуваат со основни егзистенцијални проблеми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygakdvte3krp3cD2QrYR

(Видео) Песна на Благица Павловска одекнуваше на пречекот на студентите-велосипедисти во Врање

Настани | пред 17 часа

— реклама —
490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Крај на претседателскиот мандат на Вучиќ: Поднесе оставка, Ана Брнабиќ ја презема функцијата

Свет | пред 1 ден

media-libraryohjcsd5u90np0MTOtij

Седум Срби уапсени во Шпанија: Во вила пронајдена просторија за мачење и арсенал оружје

Балкан | пред 1 ден

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ денеска поднесува оставка, вечерва околу 20 часот ќе ѝ се обрати на јавноста

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања