Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Ангелов: Вклученоста во претстојната НАТО вежба , претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на нашите капацитети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20210614_101140

Денеска, Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за упраување со кризи (ЦУК) на Финалната планирачка конференција за вежбата „Северна Македонија 2021“ во Охрид имаше воведно обраќање, покрај другите воведните обраќања и од македонска страна и од НАТО присутните .

— реклама —

Конкретно, во периодот од 08 до 17 јуни 2021 година во Охрид се реализираат подготовки за НАТО вежбата „Северна Македонија 2021“ којашто е планирано да се одржи во септември 2021 година на подрачјето на Охрид и Струга.

Подготовките вклучуваат посета на НАТО главниот планирачки тим и истовремено реализација на Финалната планирачка конференција за претстојната вежба. Настанот е во коорганизација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (NATO EADRCC) и Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во подготовките и Финалната планирачка конференција учествуваат претставници на повеќе институции од Системот за управување со кризи на Република Северна Македонија и членови на НАТО главниот планирачки тим.

— реклама —

„Република Северна Македонија подготвено ги презеде одговорностите и обврските што произлегоа од полноправното членство во Алијансата, вклучувајќи го и долгорочниот придонес кон регионалната и евроатлантската безбедност и стабилност. Стабилна и безбедна држава како полноправна членка на НАТО Алијансата е огромен чекор напред за развојот и просперитетот на нашата земја, но и на целиот регион. Само заедно можеме да ги надминеме предизвиците и заканите на новото време и да се залагаме за вредностите во кои веруваме.

Во овој контекст, Центарот за управување со кризи во голема мера се обиде да создаде ефикасен систем за управување со кризи, истовремено обезбедувајќи функционално единство на националните институции, локалната самоуправа, невладиниот сектор и академската заедница.

Вклученоста во претстојната НАТО вежба би требало да претставува привилегија за сите учесници, бидејќи претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на нашите капацитети преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, и со тоа ќе се зајакнат националните капацитети за одговор при итни ситуации“, истакна меѓу другото в.д. директорот на Центарот за упраување со кризи, Стојанче Ангелов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања