Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) „Анима мунди“: Скопјанец среде бел ден му го застрелал кучето на соседот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
kuce

Во сабота среде бел ден скопјанец застрелал куче за кое се грижел неговиот сосед во Трубарево со цел да го убие и со образложение дека му ги бркало кокошките. Со пушка го застрлал и оставил кучето да умре, објави „Анима мунди“.

https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/videos/510625749420889/

„Погледнете го кучето – мало, сосем безопасно кутре кое одвај тежи 10 килограми, застрелано во глава и оставено да се влече и го испушти последниот здив. Неговата среќа во несреќа е што луѓето кои го вдомиле од улица и се грижат за него го слушнале истрелот, повикале полиција и веднаш излегле да го бараат, по што се обидуваат да го спасат. Снимката е вознемирувачка. Снимката е вознемирувачка, но неопходно е да се види со што се соочуваат животните секојдневно и во каква држава ние живееме, затоа што насилството врз нив не е исклучок, туку норма. Бараме најстрога кривична казна за сторителот на ова дело, затворска казна за него и секој друг кој ќе посегне со насилство врз животните. Очекуваме полицијата да постапи согласно пријавата од сопствениците и доказите кои ги затекнале на лице место, пушка која се користела и која освен по кучето е закана за безбедноста на секој поединец“, велат од „Анима мунди“.

— реклама —

Оттаму додаваат дека се згрозени што злоставувањето на животните во нашата држава е зад секој агол и на секој чекор, за насилството се молчи или како по правило се неутрализира по важност.

— реклама —

„Бараме итно Полиција за животни во Македонија или ополномоштена Служба за превенција/евиденција/санкција на насилството врз животните во Македонија составена од членови на здруженијата, љубители и активисти кои се единствени кои ваквите деликти ги истражуваат и пријавуваат, додека институциите постапуваат само реактивно, кога мораат – во спротивно одбираат да молчат. Тоа е концепт кој со години го предлагаме да влезе во Законот за заштита и благосостојба на животните, кој се игнорира а кој сега има вистинска можност да се дефинира во законот, бидејќи законот ќе претрпи ревизија и измени.

Апелираме до граѓаните кои имаат сознанија за вакви или слични инциденти да пријавуваат во полиција или да не контактираат и ни го проследат секој можен доказ кој би помогнал да поднесеме тужби – на тој начин ќе придонесат ваквото грозоморие да запре.

— реклама —

Следете го примерот на луѓето кои пријавија чија хуманост е спасот за ова куче“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања