Промени тема
Контакт

(Видео) Apple подготвува нови бои за iPhone 18 Pro – се појави видео од уредите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Магазин
media-librarypml6ukdnav9d2uZvuNS
фото: unsplash / илустрација

Само неколку дена пред очекуваното претставување на новата iPhone генерација, на интернет се појави видео на кое наводно се прикажани iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max.

На видеото се гледаат демо-уреди од двата модели во нови нијанси. Наводно, iPhone 18 Pro Max е прикажан во темноцрвена, односно Dark Cherry боја, додека iPhone 18 Pro се појавува во сина нијанса.

Според досегашните информации кои кружат на интернет, серијата iPhone 18 Pro би можела да биде достапна во три бои – Dark Cherry, Black и Sky Blue.

— реклама —

Најголемо внимание привлекува Dark Cherry нијансата, која во некои извештаи се опишува и како Burgundy и се очекува да биде една од главните нови бои на овогодишната Pro серија.

Кога станува збор за дизајнот, не се очекуваат големи визуелни промени во однос на актуелната iPhone 17 Pro серија, па токму новите бои би можеле да бидат една од најзабележливите промени.

— реклама —

Покрај новите бои, досегашните гласини најавуваат и нова главна камера со променлива бленда, нов A20 Pro чип, унапреден модем и нешто поголеми батерии.

Сепак, информациите за боите и спецификациите засега треба да се земат со резерва, бидејќи Apple официјално не ги потврдил сите детали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screen-Shot-2022-03-27-at-11.10.33-1200x675-1

Apple предупредува на шпионски софтвер: Рекорден број корисници добиле безбедносно известување

Технологија | пред 2 седмици

media-librarye9kd9o2oh9h1a8GpeHl

Познато колку ќе чини најевтиниот ајфон од септември со лансирањето на новиот модел

Магазин | пред 2 месеци

media-librarynmumqoo1uudk6OxkD4L

Зошто вашиот iPhone престанува да се полни на 80 проценти?

Магазин | пред 3 месеци

Screen-Shot-2022-03-27-at-11.10.33-1200x675-1

Јубилеен Ајфон со закривен екран и скриени сензори? Нови информации од индустријата

Технологија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања