„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Асанж е затворен во британскиот „Гвантанамо“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
asanz-2

Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, кој беше уапсен во четвртокот, е пренесен во затворот „Белмарш“ во југоисточниот дел на Лондон кој се споредува со „Гвантанамо“ на Куба во кој американските власти ги држеле најопасните исламисти.

— реклама —

„Откако неговиот случај, по апсењето, беше процесиран пред судот во Лондон, Асанж е спроведен во ‘Белмарш’“, изјавил пријателот на Асанж, Вон Смит, кој бил една од последните личности кои го посетиле Асанж пред да биде уапсен во еквадорската амбасада.

— реклама —

„Блумберг“ оценува дека изборот на локацијата каде што Асанж ќе ги чека понатамошните судски одлуки би можел да укажува на построгиот пристап на британските власти кога е во прашање 47-годишниот Австралиец, додека тој се бори против екстрадиција во САД каде е обвинет за издавање државна тајна.

Се тврди дека во „Белмарш“ има затвореници од различни профили, од пониски престапници до одделението во кое се најопасните затвореници во земјата. Се смета дека оваа средина ќе биде комплетна новост за Асанж, бидејќи во 2010 година, додека ја чекаше одлуката на британските власти по барањето на Шведска да ѝ го предаде, помина девет дена во друг затвор во Лондон, „Вондсворт“.

Обвиненијата против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, за вмешаност во криминална кражба на државни тајни на САД претставуваат директен напад врз основните слободи на медиумите и може да имаат катастрофални последици врз новинарството, предупредуваат американски правни експерти.

Обвинителите во четвртокот во Вирџинија ги обелоденија обвиненијата против основачот на Викиликс, кои беа запечатени од март 2018 година. Тие се основа за барањето на американските власти до Британија Асанж да биде екстрадиран во САД и да биде изведен пред суд.

Клучен елемент од обвинението е новиот навод дека Асанж активно се ангажирал да му помогне на Манинг во обидите да пробие лозинка што му овозможила на американскиот војник да добие неовластен и анонимен пристап до тајни податоци на компјутерите на американската армија. Во 2010 година, Менинг бил разузнавачки аналитичар во оперативна база надвор од Багдад.

gdZqrtt13-c

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања