Промени тема
Контакт

(Видео) Австралиските војници на американската подморница не учествувале во нападот врз Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryv9mgv704n1np3ruzA3p

Тројца австралиски војници биле на американска подморница која потопила ирански воен брод во Индискиот Океан, но не учествувале во самиот напад, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе, пренесува Ројтерс. Нападот се случил порано оваа недела крај јужниот брег на Шри Ланка и претставува прв случај од Втората светска војна кога Соединетите Американски Држави потопиле непријателски брод.

Властите на Шри Ланка извлекле тела на 87 морнари.

— реклама —

Албанезе појасни дека австралиските војници биле на подморницата во рамки на обука поврзана со одбранбениот договор AUKUS, кој ја обединува Австралија, САД и Обединетото Кралство. Договорот предвидува Австралија со помош на сојузниците да развива и гради подморници со нуклеарен погон.

Австралијците лично не учествувало во никаква офанзивна акција против Иран“, нагласи премиерот.

— реклама —
— реклама —

Тој додаде дека станува збор за долгогодишна пракса на соработка со партнерски држави и исклучи можност Австралија да учествува во воени операции во овој конфликт. Сепак, Канбера изрази поддршка за напорите за спречување на Иран да развие нуклеарно оружје.

Во меѓувреме, конфликтот на Блискиот Исток дополнително ескалираше, откако американски и израелски борбени авиони погодиле повеќе цели низ Иран, додека градовите во Персискиот Залив повторно биле изложени на бомбардирање, пренесува Ројтерс.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Иран понуди отворање на Ормускиот Теснец за седум дена, Трамп наводно ја одбил понудата

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library6ctv2dd4jaoacNQrSCv

(Видео) Иранскиот претседател покажа фотографии од убиени деца на Генералното собрание на ОН, Американците излегоа од салата

Свет | пред 2 дена

media-library3d618c6e52p27Acvs7F

Иранскиот претседател до Трамп: „Нема да паднеме на колена“

Свет | пред 2 дена

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Иран обнови половина од оштетениот капацитет на гасното поле Јужен Парс

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања