Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Автомобил излетал од патот и удрил три деца во Германија, едно дете загина, а друго е во критична состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library861rjgm8b7gjcdFnda0
screenshot X

Во германскиот град Динслакен се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинало едно дете, додека друго се наоѓа во критична состојба, откако автомобил налетал врз нив во близина на училиште.

Жена на возраст од 47 години изгубила контрола над возилото, излетала од коловозот и удрила тројца дванаесетгодишници кои се движеле со велосипеди, најверојатно на пат кон училиште.

— реклама —

Од силината на ударот две деца се здобиле со повреди опасни по живот, а едното починало кратко по приемот во болница. Третото дете поминало со полесни телесни повреди.

Според официјалните информации од полицијата, несреќата се случила рано утрото, околу 7:45 часот. Откако удрила во децата, жената со автомобилот влетала меѓу паркирани возила и оштетила уште три автомобили.

— реклама —

И возачката се здобила со тешки повреди и со возило на Итната помош била пренесена во болница.

— реклама —

Полициски портпарол изјавил дека сослушувањето на осомничената сè уште не било можно поради нејзината здравствена состојба, па точната причина за губењето контрола над возилото засега останува непозната.

Првата пријава за несреќата ја испратил сообраќаен полицаец кој во тој момент регулирал сообраќај на блиската раскрсница.

На местото на несреќата останале расфрлани делови од уништениот автомобил, оштетен велосипед, детски чевел, училишни ранци и тетратки.

Динслакен се наоѓа во западниот дел на Германија, во покраината Северна Рајна-Вестфалија, а во негова близина се градовите Дуизбург, Дизелдорф и Дортмунд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Автомобил влетал во група луѓе во Германија, повредени најмалку четири лица

Свет | пред 1 ден

— реклама —
nafta

Германија ќе пласира уште 13,5 милиони барели нафта и нафтени производи

Свет | пред 2 дена

media-libraryjcev6r72ts504Vi5aUj

Авион во Франкфурт тргнал да полетува во спротивна насока

Свет | пред 2 дена

media-libraryurfltrld9rrn7iQrfQg

(Видео) Силно невреме ја погоди Германија: Тешко повредени, урнати дрвја и прекини во железничкиот сообраќај

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања