Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак се распеа, додека вицепремиерот Артан Груби го снима во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Снимката е од минатата година, а актуелна е денеска, оти ја сподели Груби. Во салата викнале и три мандолини, кои го проследија пеењето на Ахмети. До лидерот на ДУИ, седи уште едно лице, покрај кое се гледа чад, кој можеби е од цигара.
„Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја прават историјата градејќи ја иднината. Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат! Али Ахмети со сè свето за албанството на плеќи, денеска полни 65 години“, напиша Груби.
И ова не е првпат роденоденот на Ахмети да се слави во министерство. Истата слика, јавноста ја гледаше и пред две години. Тогаш, Ахмети ги собра сите министри на журка во Министерството, па платија казна од 10 евра.
ДУИ слави роденден без маски, Ковачевски прави прес без протоколи, ама само Пецаков доби кривична оти се самоизолирал
Кога петнаесет функционери на ДУИ ги прекршија протоколите за заштита од коронавирусот полицијата ги казни со парични казни од по 20 евра и 500 евра за домаќинот. Но, кога охридскиот градоначалник Кирил Пецаков не се самоизолирал бидејќи не знаел за одредбата и никој не го предупредил, ниту потпишал изјава – полицијата поднесе кривична пријава. Ова предизвика лавина реакции во јавноста, особено поради тоа што, Пецаков е првиот во земјава кој е вака гонет поради мерката за самоизолација. Протокол
Македонија | пред 4 години