Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Беџети од ДУИ и Мицкоски влегоа во „клинч“, се дискутира според кој закон може да се „влече за уши“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mickoski-bedzeti

Пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети упати пратеничко прашање кон премиерот Христијан Мицкоски и го обвини дека се мешал во правосудната власт преку прес-конференцијата која ја одржа во Владата. Според Беџети, премиерот обвинувал. На ова, возврати Мицкоски кој кажа дека тој не го прави тоа што не сака да му го прават на него.

— реклама —

— реклама —

— реклама —

„Јас никогаш не се изразив како што вие велите, да било кого осудам пред време иако ние како политичка партија, знаеме што значи да се биде жртва на таков тип квалификации, сме го почувствувале тоа. За нас важи правило не им го прави на луѓето тоа што не сакаш да ти го прават. Јавното обвинителство ја води истрагата, а кога ќе ја заврши, ќе се произнесе дали обезбедените лица се  осомничени или не. Јас не би обвинувал, ниту сум обвинувал како што вие велите. Точно е дека јавно кажав, со триста огради, дека може да влијаам на истрагата ако кажам дека постои фалсификуван документ/лиценца за истиот клуб каде се случи трагичниот настан и точно е дека откако се провери во архивата, под тој архивски број е друг документ заведен. Документите (лиценците) се издавани од Министерството за економија, таму јас не сум бил министер, министри (со исклучок), од 2008 година наваму биле предлози на ДУИ. Овој клуб почнува во 2012 година, а тогаш бил министер од ДУИ. И додека постоел, министер бил од ДУИ. Тогаш се поставува кој ги потпишувал овие документи? Таму стои ‘во име на министерот’... Да почекаме обвинителството да се произнесе, нели го браневте? Тие дојдоа таму, тие ја водат истрагата. Нека ја завршат, да видиме, можеби јас ќе бидам осомничен, можеби Тошковски, можеби некој друг и тогаш да направиме заклучок дали е селективно или не “, рече Мицкоски.

Потоа, Беџети излезе на говорница го праша Мицкоски, кој закон му овозможува да спроведува правда со влечење за уши, алудирајќи на негова претходна изјава. Беџети констатираше дека имало дофрлање „според нашиот“, па искоментира.

„Ооо... тогаш важи вашиот закон во оваа држава, не законите и Уставот. Се надевам дека целата јавност го слуша овој одговор, дека од законот на премиерот Христијан Мицкоски, можат да се влечат луѓе за уши“, рече Беџети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqjpvfkvd9plb11Q6MZr

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarypau87gtmmr0q1TNsO32

Мицкоски: Без промовирање на семејните вредности, македонската економија ќе биде прва на удар

Македонија | пред 4 дена

media-library6jpon8suc9aa48u3kwF

На Скопје не му треба нов клинички центар, туку подобра организација на постојните болници – усогласени ставовите на Мицкоски и Клековски

Македонија | пред 4 дена

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Дизелот би можел да поевтини за дополнителни 2 денари по литар

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања