Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(ВИДЕО) Белата куќа во одбрана на Трамп кој новинарка нарече „прасе“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-library1rmpt9urgmh5234wbPT
Х

Белата куќа застана во одбрана на американскиот претседател Доналд Трамп, кој новинарка нарече „прасе“.

Оваа навреда тој ја упати кон новинарката додека таа го прашуваше за неодамна починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин.

— реклама —

За Белата куќа коментарите на претседателот ја одразуваат неговата искреност и транспарентност.

За време на разговорот во авионот „Ер Форс 1“ минатата недела,Трамп се наведна кон репортерката, ја покажал со прст и и се обратил со зборовите:„Замолчи, прасе, замолчи“. Новинарката барала одговор за неодамна објавената е-пошта на Епстин во која њујоршкиот финансиер тврди дека Трамп знаел за девојките.

— реклама —

Прашана за инцидентот, портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека американските гласачи го реизбрале Трамп поради неговата искреност и дека новинарите треба да ја ценат неговата отвореност при одговарањето на прашања.

— реклама —

,,Тој ги посочува лажните вести кога ќе ги види, и е фрустриран од новинарите кои шират неточни информации, но тој, исто така, обезбедува невиден пристап до печатот и одговара на прашања речиси секојдневно”, истакна портпаролката.

Пред три дена во Овалната соба, Трамп, во негов стил, нарече друга репортерка „ужасна личност“, откако таа го праша саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за убиството на новинарот Џамал Кашоги и го праша Трамп зошто не ги објавил досиејата на Епстин.

Асоцијацијата на професионални новинари го осуди понижувачкиот јазик на Трамп кон новинарите, истакнувајќи ја неговата историја на користење понижувачки јазик за дискредитирање на жените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysargecj29ihp1t5oOX7

(Видео) Трамп и Меланија им делеа слатки на децата за Ноќта на вештерките во Белата куќа

Вирално | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп му даде зелено светло на Ел Салвадор за голема воена операција на Хаити

Свет | пред 7 часа

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Трамп размислува за ублажување на санкциите врз рускиот инвестициски фонд

Свет | пред 7 часа

media-librarydv3f6bs7r4mb9hjEhX2

Трамп разгледува нови напади врз Иран, адмиралот Купер му презентирал воени опции

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања