Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Бесплатен градски превоз за пензионери, пакет за младите и идните родители, најави Шилегов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
1-2

Бесплатен јавен градски превоз за сите пензионери во Скопје секој ден во неделата, бесплатен медицински транспорт за лицата во трето доба и лицата со попреченост до здравствените институции во градот, вети на денешната прес-конференција актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и кандидат за градоначалник на Град Скопје од СДСМ.

— реклама —

– Лицата со ретки болести кои живеат во Скопје ќе можат исто така бесплатно да го користат јавниот градски превоз. Трошоците за хроничната терапија која ја примаат ги олеснуваме преку финансиско ослободување за јавниот превоз, за нив и за нивната придружба при користење на превозот. На сите постдипломци и докторанди кои студираат во Скопје им овозможуваме бесплатен превоз во градските автобуси. Учениците од државните основни училишта во градот ќе добиваат до 50% поевтин оброк за време на престојот во училиште, рече Шилегов денеска претставувајќи дел од својата предизборна програма.

Тој ветува 100 стипендии во висина од 12.000 денари месечно за најдобрите средношколци од Скопје кои ќе се запишат на некој од државните универзитети, а за секој средношколец од државните училишта, бесплатно овошје за време на училишниот престој.[embed]

— реклама —
95lBy84Q7F8

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања