Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

(ВИДЕО) „Бетмен“ ќе можете да го гледате исклучиво во кино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
9e463824-295a-48f4-a194-78da4644af84

На големо задоволство на многу режисери што ја критикуваа нивната одлука, „Ворнер брос“ реши да ја ублажи најавената стратегија – филмовите од сопствената продукција да ги прикажува и во киносалите и на „Ејч-би-о макс“ во исто време.

— реклама —

Нивниот план за 2022 година е да ги исполнат договорните обврски кон кината, агентите, актерите и режисерите и да ги прикажуваат нивните филмови исклучиво во кината до крајот на прикажувањето, без разлика каква ќе биде ситуацијата со пандемијата.

— реклама —

Доколку решат да го прекршат договорот поради која било причина, ќе се соочат со тужби како таа на Скарлет Јохансон откако „Дизни“ реши да го пушти филмот на својата стриминг-услуга и со тоа значително да влијае на процентот што актерката требаше да го добие од продажбата на билети.

— реклама —

Она што е важно за гледачите е дека филмовите на „Ворнер брос“, како „Бетмен“, „Флеш“, продолжение на „Аквамен“, „Блек Адам“ и „Лигата на супер миленичиња“, ќе може да се гледаат исклучиво во кино.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања