Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Бизнисменот Крмзов во количка на суд: Рочиштето се одржува, дел од обвинението е тежок милионски криминал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Настани
media-library27vbkq1qmfukf81JFEx

Ристо Крмзов во инвалидска количка се појави на рочиште во Кривичен суд Скопје и се пожали на влошено здравје, но судењето продолжи. Судијата најави пократки рочишта бидејќи предметот е притворски, а утрешното е одложено поради закажан преглед. Обвинителството товари 7 лица и 13 фирми за злосторничко здружување, перење пари и даночни измами преку фиктивни фактури и злоупотреба на поврат на ДДВ (2019–2024). Прикажан е влезен ДДВ од 4,12 млрд денари, а незаконски поврат 1,35 млрд; се бара конфискација, дел имот е замрзнат.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Бизнисменот Ристо Крмзов во инвалидска количка се појави на денешното рочиште во Кривичен суд Скопје, при што се пожали на влошена здравствена состојба, но судењето сепак продолжи.

— реклама —

Судијата Илија Трпков информираше дека рочиштата ќе се одржуваат, но ќе бидат пократки поради здравствената состојба на обвинетиот, нагласувајќи дека станува збор за притворски предмет.

— реклама —

Утрешното рочиште ќе биде одложено бидејќи Крмзов има закажан специјалистички преглед.

— реклама —

Според обвинителството, предметот опфаќа седум лица на чело со Крмзов, кои се товарат за злосторничко здружување, перење пари и даночна измама, како и за даночно затајување. Дополнително, три лица – даночни инспектори од Струмица – се обвинети за несовесно работење во службата, а постапката опфаќа и 13 правни лица.

Обвинението се однесува на наводна организирана шема започната во 2019 година, во која обвинетите формирале фирми со формални сопственици, со цел да остварат противправна имотна корист преку злоупотреба на системот за поврат на данок на додадена вредност.

„За периодот од 2019 до 2024 година, во поднесуваните даночни пријави неосновано било користено правото на влезен ДДВ“, соопшти Обвинителството.

Според наводите, обвинетите изготвувале и разменувале фактури со невистинита содржина за наводен промет на недвижности, кои не биле реализирани, со цел да прикажат повисок влезен ДДВ и да побараат поврат од државата.

„Со овие дејствија, во даночните пријави бил прикажан повисок влезен ДДВ во вкупен износ од 4.123.102.931 денари (67.000.000 евра), по основ на фиктивни договори за купопродажба на недвижен имот“, соопшти Обвинителството.

Како што се наведува, од Управата за јавни приходи бил исплатен незаконски поврат на ДДВ во износ од 1.348.996.831 денари, односно околу 22 милиони евра.

„Од Управата за јавни приходи бил исплатен незаконски поврат на ДДВ во износ од 1.348.996.831 денари (22.000.000 евра)“, соопшти Обвинителството.

Средствата, според обвинението, биле внесувани во платниот промет и префрлани меѓу правни лица со цел прикривање на нивното потекло.

„Дел од средствата биле употребени за купопродажба на имот, враќање кредити кон банки, подигање готовина, како и за плаќање добавувачи на градежни материјали“, соопшти Обвинителството.

Дополнително, дел од средствата биле користени за покривање на даночни долгови.

„Со износ од 457.785.310 денари (7.500.000 евра) биле покривани даночни долгови на обвинетите и на други правни лица“, соопшти Обвинителството.

Во рамки на постапката, предложена е конфискација на имот и средства за кои се смета дека потекнуваат од кривично дело, а дел од нив веќе се замрзнати со привремени мерки.

Истовремено, дел од кривичните пријави против осомничени лица биле отфрлени поради недостиг на основано сомнение, додека предметите поврзани со даночните инспектори се доставени до надлежното обвинителство во Струмица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

krmzov1

„Копаш копаш и нема дно“: Крмзови ги гонат дека испумпале 94 милиони евра од државата

Македонија | пред 9 месеци

vane-cvetanov-krmzov

Притвор му е одреден на Крмзов, 30 дена треба да помине во Шутка оти судот смета дека може да избега, влијае на доказите или да го повтори делото

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-09-at-09.46.50

Крмзов го гонат за три кривични дела: МВР поднесе кривична за злоупотреба на 94,3 милиони евра државни пари

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-09-at-09.46.50

Уапсен бизнисменот Крмзов, кого го поврзуваа со Заеви

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања