Промени тема
Контакт

(Видео) Бизон нападна турист во САД, инцидентот е снимен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryubbdikjpgb242GN4onI

Вистинска драма се одвивала во Националниот парк Јелоустоун во САД, каде што бизон нападнал турист и со силен удар го исфрлил во воздух.

На снимката што се прошири на социјалните мрежи се гледа како мажјак бизон, кој претходно лежел на земја во рекреативна зона, ненадејно трча кон група посетители. За само неколку секунди ја минува оддалеченоста, трча околу дрвјата по еден турист, а потоа силно го удира и го исфрла во воздух.

— реклама —

Инцидентот се случил многу брзо, без присутните да имаат време да реагираат или да се засолнат. Засега не е познато во каква состојба се наоѓа повредениот турист, ниту што го предизвикало нападот.

Од Националниот парк Јелоустоун и претходно повеќепати ги предупредуваа посетителите да држат безбедно растојание од дивите животни, особено од бизоните, кои и покрај мирниот изглед можат да бидат исклучително брзи и агресивни кога ќе почувствуваат опасност.

— реклама —

Според експертите, возрасните мажјаци можат да развијат брзина до 55 километри на час, поради што приближувањето до нив претставува сериозен ризик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

bizon

Почина европскиот бизон, еден од најстарите жители на ЗОО Скопје

Скопје | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања