Промени тема
Контакт

Почина европскиот бизон, еден од најстарите жители на ЗОО Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
bizon

Зоолошката градина Скопје соопшти дека утрово угинал европскиот бизон на возраст од 17 години, кој од 2011 година беше еден од најимпресивните претставници на дивата фауна во градината.

-Со голема тага ја споделуваме веста дека нашиот европски бизон кој имаше 17 години утрово угина. Животниот век на овие животни е од 14 до 20 години.

— реклама —

Овој величествен и редок претставник на европската дива фауна од 2011 година беше еден од најимпресивните жители на нашата зоолошка градина.

Пред околу година и половина кај него беше дијагностицирана пневмонија, по што следеше долготраен процес на терапија и внимателно следење од страна на нашиот тим ветеринари и неговите негуватели.

— реклама —

Иако со многу посветеност успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, во изминатите две недели повторно покажа знаци на слабост и отежнато дишење. Веднаш беше вклучена интензивна секојдневна антибиотска терапија одредена според антибиограм и постојан надзор, но за жал, и покрај сите наши напори, не успеавме да го спасиме, напишаа од ЗОО Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library550viv0l2rf3a3QkB5L

Волци избегале од живеалиштето во ЗОО Скопје, усмртиле кенгури и ему птици

Скопје | пред 2 месеци

media-library45v6ok2ior4c1Ucuk2i

Принова во Скопје ЗОО: Родени две бели волчиња

Скопје | пред 2 месеци

zooloska-majmun

Дури и од мајмун крадат: Луѓе ги украле половина од поклоните купени за Мики и неговиот роденден

Скопје | пред 5 месеци

media-librarypdk8711irmkmfnYLqZ9

(Фото) Четири години по спасувањето: Делфина и Мики во скопската Зоолошка се адаптираат на самостоен живот

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања