Промени тема
Контакт

(Видео) Блокиран пристапот кон Драчево, граѓани сведочат дека мостот е во критична состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
markova-reka

Полицијата го блокираше пристапот од Пинтија кон Драчево, откако Маркова река се излеа и на булеварот „Борис Трајковски“. И вториот приклучок кон Драчево, кој води преку Горно Лисиче, е исто така блокиран, јавуваат жители. На терен пак, се работи на расчистување на речното корито, како и санирање на состојбата. Иако не станува збор за висок водостој кој е излеан, сепак, полицијата превентивно реагира, бидејќи е ризично возила да поминуваат на патот.

„Најсигурно и најбрзо на автопат, мене ме вратија од Горно Лисиче, колона до Пинтија, таму полиција не пушта. Автопат, Таор за 25 минути Моране“, вели лице кое чекало во колоната.

— реклама —

Истовремено, жители на Батинци сведочат дека реката се излеала на повеќе места. Според нив, во критична состојба е мостот, каде исто така има и полиција. Ова засега не е потврдено од институциите.

„Почна да се излева околу 17 часот. И се излеа на неколку места во Батинци, Љубош, се наоре спрема Марков манастир. И веќе сме плавени со метро и пол вода. Мостот е во критична состојба, а ако продолжи со ваков водостој, се плашам дека ќе биде срушен“, сведочи граѓанин.

— реклама —

— реклама —

Претходно, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кажа дека нема опасност по населението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd7213irh4hc0fg29aLd

Трета вонредна акција против комарци во Драчево: вечерва ќе се прска од 22 до 24 часот

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryt91l6vci23f9eBAzAsy

(Видео) Работник со багер срушил гробни места на гробиштата во Драчево

Скопје | пред 6 месеци

media-library9nhmq9jcmpria17zo87

По 20 години, Драчево повторно доби кино

Скопје | пред 6 месеци

IMG_4314

Со воз од Драчево до центарот на Скопје само за 11 минути - проект на градските власти на Скопје

Скопје | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања