Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ВИДЕО: Богдановиќ седел во ресторан, слика објави и сам: Со протоколите што правиме?!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Bogdanovic-3

На денешната 66-та седница на Владата се донесе одлука со која постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19, кои се со важност до 20 април 2021 година (вторник), да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник).

— реклама —

Но дали законите подеднаково важат за сите? На социјалните мрежи се споделува видео за кое не е познато кога е направено, но оние кои го постирале тврдат дека е за време на полициски час. На видеото се гледа како градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ седи во еден скопски ресторан.

Инаку, според одлуката на Владата, рестораните мора да се затворени и внатре освен вработените, не смее да има други лица. Исклучок од ова се само рестораните во склоп на хотели, кои се отворени исклучително за пријавени гости.

— реклама —

-Српче во кафана на Боемска кај Маџо за време на полициски час, кај е Проја и Специјалците на Спасовки, стои во објавата на Фејсбук.

Градоначалникот пак пред неколку минути на својот ФБ профил објави фотографија на која напиша:

-Го сместивме Иван Аска, новиот играч на КК РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ. За брзо време почнуваме со нашето засилување во Градски Парк“, напиша Богдановиќ на ФБ.

Инаку според одлуката на Владата исклучок за дел од мерките ќе биде дозволено за организирање, одржување и учество на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани во организација на Министерството за образование и наука за наставниот кадар, а се однесуваат на континуиран и непречен тек на образовниот процес во основното и средното образование по строго наменски протоколи.

Исклучок се однесува и за организирање и одржување на пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на публика и исклучиво во согласност со наменски одобрени протоколи и по претходно извршено ПЦР тестирање пред натпреварите организирано од страна на клубовите.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања