Промени тема
Контакт

(Видео) Боки 13 му врати на Спасовски: Лаже, комунициравме до пред апсењето, му го пријавив „Рекет“ и ми кажа дека нема ништо од тоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-05-10-at-15.54.36

Бојан Јовановски-Боки 13 кај Лазаров тврди дека ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски лажел во подкастот „Претрес со Ландов“ кога кажал дека имале само службена комуникација, како и дека кај него не бил пријавен „Рекет“. Боки 13 тврди дека има пораки со Спасовски, а дека комуникацијата дека ја започнале на 08.12.2018 година.

Првата порака која Боки 13 ја испратил до Спасовски, според него е: „Ако може да се слушнеме, итно ми е, му пишав и на премиерот“, а се работеше за напад кој го имаше моето семејство во тоа време, јас пријавувам кај него, па му пишувам адреса“.

Боки 13 кажа дека стопати бил кај Спасовски, како и дека му ја работел ПР промоцијата за да биде претседател.

— реклама —
?t=4250

„Јас и Оливер Спасовски сме комуницирале заклучно со месец јуни, 2019 година, се додека не ме уапсија, две недели пред апсење. Новинарот во подкастот, Ландов, му постави едно круцијално прашање, кога го праша, дали можеби јас сум му го пријавил случајот Рекет“, рече Јовановски, па додаде дека бил во неговиот кабинет и посочи: „Јас во неговиот кабинет одам и му кажувам дека сум снимен од странски служби, дека тоа ми го кажал Зоран Заев и дека тој лично комуницира со Камчев, Зоран Милевски-Кичеец и дека ми се подготвува таква и таква работа. Тоа ми беше кажано мене и Катица Јанева. Тој ми кажа дека нема да има ништо од тоа, па се повлекува“.

— реклама —

Според Боки 13, Спасовски со страв дал одговор на прашањето во подкастот „Претрес со Ландов“.

Гостувањето на Спасовски во прилог:

— реклама —

?t=7017

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library58bcvlrqhtnedZFyCkX

(Видео) Весна Бејби како Мерлинка: Боки 13 прослави 40 години, на забавата вели дека ги собрал најблиските

Сцена | пред 4 дена

media-library1fplvtqinnuh1flWdzE

„Вистинска легенда“: Пријателите и јавните личности со емотивни пораки му го честитаа роденденот на Боки 13

Вирално | пред 5 дена

media-library7ido7kjas0dv4AU0jZg

(Видео) „Сто пати сум се покајал, но по онаа работа нема каење“, кажа Боки 13 за неговото искуство во бизнис водите

Сцена | пред 1 седмица

media-librarynfjphs8cb6194nsxxgZ

(Видео) Боки 13 најави голем концерт во Охрид следната година

Сцена | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања