Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Видео) Боки 13 објави делови од филмот „Рекет“ – сниман во Идризово, со обвинувања кон политичари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-libraryvmvac9e35oik82RRyRR

Бојан Јовановски-Боки 13 почна со објавување на делови од филмот „Рекет“, именуван по предметот во кој тој беше осуден на девет години затвор. Истиот е сниман во просториите каде Јовановски ги поминувал своите затворски денови – Идризово. Во објавените делови изнесува обвинувања на сметка на политичари од СДСМ, а се појавува и неговата мајка Јасминка Јовановска со сведоштва за тоа што се случувало за време на претресите.

— реклама —
Wq88fGr54J0
— реклама —

„Лага е дека човек може да заборави тоа што било, може да заборави детали.. но некои работи остануваат додека е човек жив“, вели Јовановски во филмот, а неговата мајка Јасминка посочува: „Не е само негова, туку и моја грешка, и јас слепо сум верувала во нив, но се учи на грешките“.

— реклама —

Во вториот објавен дел се слуша и женски глас кој наликува на гласот на експратеничката Фросина Ременски која беше обвинета но ослободена од вина во случајот „Меѓународен сојуз“.

„Штом се фрливме на инвестиции во дроги, си ебавме мамата“, вели женскиот глас кој наликува на Ременски, а мајката на Боки 13 продолжува со нарација и вели: „почна да ми се јавува Фросина Ременски „се до изрекување на пресудата беше во контакт со мене, мислам дека ме држеше во една позиција, да не биде Бојан против нејзе, да не каже нешто“. Потоа женскиот глас и Боки 13 разговараат за Кирацовски.

„Уште оној кога излезе .... од Битола, кога рече ‘Ти си побарал он да се слика со тебе само еднаш’, срамота бе“, вели женскиот глас, за по неколку секунди да се слуша гласот на Јовановски каде сведочи дека Кирацоски земал пари од Силјан Мицески во кеш, а гласот кој е или наликува на вашиот да додава „не ми кажувај, он и ден денеска зима“.

„Скопје1“ ја контактираше Ременски со прашања, на кои не добивме одговор. Ја прашавме дали се сеќава на мубаетот кој сега е еемитуван јавно, дали се плашела од Јовановски дека може да се сврти против неа како што вели Јовановска, дали била сведок кога биле земани пари во кеш од покојниот бизнисмен, но и ако е таа на снимките – кога и од кого е снимана. До овој момент, не добивме никаков одговор.

G2ZHCFcc-A4

Последно објавениот дел зборува за испраќањето на Јовановски во затвор, откако Апелација ја потврдила казната, личната приказна на семејството, но и обвинување на сметка на водителката Лила Филиповска дека одела кај нив по отворањето на случајот „Рекет“ само за да прибира информации.

„Доаѓала само да прибира некои податоци, а немала што да прибере, но сепак ќе дошла да праша што се случи, како се случи, Сергеј го распрашувала“, вели Јасминка Јовановска, на што Јовановски додава: „Сергеј доаѓал кај моите родители, тоа не можам да го избегнам, бил тука и се нашол во многу ситуации и се понел човечки. Во тие важни моменти бил тука“.

На крајот Јовановски и Јовановска посочуваат дека животниот тек е практично стигната карма од дедото на Боки 13 кој бил управник на затворот „Шутка“ во време кога затвореници биле малтретирани за што настанала и паролата „не е битно дали ве тепаат, битно е да останете со здрав дух“.

MD8KNLvXK1I

На прес-конференција, Јовановски кажа дека филмот ќе биде на големите филмски платна и ќе доживее своја голема премиера.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

1942279_boki_ls

Боки 13 за пресудата: Ременски ја ослободиле по јавување од Ковачевски, имам пораки дека Заев учествуваше во Меѓународен сојуз

Македонија | пред 1 месец

boki-13

Бојан Јовановски-Боки 13 осуден на затворска казна во случај каде што е ослободена Фросина Ременски

Македонија | пред 1 месец

ruskoska-bo

(Видео) Расправија, навреди, дерење: Боки 13 и се јави на Рускоска во живо

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-05-19-at-16.13.08

И Боки 13 почнува со поткаст

Магазин | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања