Промени тема
Контакт

ВИДЕО: Боки 13, Зоки Кичеец и Јанева ќе ја забрзаат „смртта“ на СЈО и отворањето на ново обвинителство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ruskovska-skopje1-3

Случајот „Рекет“ само го забрза реализирањето и на идејата да се спојат СЈО и Јавното обвинителство, вели Министерката за правда Рената Дескоска.

— реклама —

Оваа идеја била на маса во преговорите со опозицијата за новиот закон за јавно обвинителство и таа очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати законот предложен од Владата, затоа што одделението за организиран криминал покажа дека може да се справи со случаите на висока корупција.

ВМРО-ДПМНЕ се уште го разгледува предлог текстот и нема конечен став како ќе се постави. Но, имајќи ги во предвид неколкумесечните неуспешните преговори и главната точка на судир меѓу двете страни, веќе може да се препознае што, во суштина, ќе биде камен на сопнување. Името на „проблемот“ потенцијално може да се препознае во ставот 2 од членот под број 106, кој гласи:

— реклама —

„Со денот на отпочнувањето на примената на овој закон, надлежностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите и надлежностите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција преминуваат во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, а започнатите постапки продолжува да ги води Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција во фазата во која се преземени“, пишува во член 106 став 2 од предлог- законот на Владата.

— реклама —

Во пракса, ова значи дека новото „споено“ обвинителство ќе ги застапува сите предмети кои ги застапуваше СЈО. И оние кои веќе се во фаза на судење, но и оние кои се во фаза на предистрага, истрага или пак за нив е поднесено обвинение по 30 јуни 2017 година. Меѓу тие „нови“ предмети е на пример истрагата „Империја“. Но, меѓу таквите предмети е и „Талир“, за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и за начинот на кој е изградено новото партиско седиште во Скопје.

Опозицијата засега не соопштува став за целиот закон, но директно или индиректно ги навести своите позиции. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска изјави дека Рускоска е далеку од прифатливо решение за шеф на „споеното“ обвинителство. Под превезот на наративот на опозицијата за „Рускоска обвинителство“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште синоќа посредно навести дека за него се неприфатливи и „новите“ предмети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања