Бугарскиот премиер Бојко Борисов го пречека својот грчки колега Ципрас, па се возеа во џип, до местото каде што е планирано да помине интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија.
Во јужниот дел на соседна Бугарија, во селото Кирково денеска двајцата премиери ќе го означат почетокот на изградбата на интерконекторот меѓу двете земји.
Борисов истакна дека во овој дел од земјата има граѓани од повеќе вери и малцинства, бугари, турци, мулимани, православни, грци и други кои живеат убаво доколку никој не ги провоцира.
Медиумите од соседството пренесуваат дека Борисов и Ципрас ќе одржат состанок со четири очи за да разговараат за соработката помеѓу Бугарија и Грција, како и енергетските, инфраструктурните и транспортните врски во балканскиот регион.
https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/vb.100006542380422/2441823989378990/?type=2&video_source=user_video_tab