Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Бошковски: Можело да се интервенира за немаме толкава енергетска криза, граѓаните со право реагираат за проблемите со парното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-01-09-at-18.52.35

Во Македонија немаме енергетска, туку имаме финансиска и техничка криза оценува поранешниот член на регулатораната комисија за енергетика Дејан Бошковски за ТВ 24. Тој вели дека со оглед на тоа што се случува на светските берзи очекувано беше поскапувањето на електричната енергија. Откако со денови скопски општини немаат парно греење, Бошковски вели, ова не е новитет – тоа е нешто кое со години ни се провлекува.

— реклама —

9o2xw_HbUCs
— реклама —

„Беше очекувано и нормално да имаме покачување на електричната енергија. Тука може да имаме повеќе дискусии дали е доволно или не, дали можело повеќе да се интервенира - да секако дека можело да се интеревенира за да немаме толкава криза, да имаме повеќе вклученост на домашните капацитети во производството на електрична енергија. Но, секако, регионалните берзи ја рефлектираа високата цена во крајната цена која ќе биде испорачана кон домаќинствата. Евтината тарифа, како што образложи претседателот на Регулаторната комисија, не беше издржана. Таа беше некоја социјална категирија, која требало низ повеќе претходни години, на друг начин да се рефлектира на сметките онаму каде се планирало со таква мерка да се помогне на домаќинствата“, смета Бошковски.

За топлинската енергија, Бошковски вели дека последните 10 години во Скопје има проблем со неа.

„Не ми е ни мене јасно што таму се случува, бидејќи имавме стечај на претходното акционерско друшство Топлификација, како што слушнавме од медиумите има нов сопственик. Граѓаните со право реагираат. Постојано има некои превирања. Чудно е како БЕГ во континуитет е во загуба односно ТЕТО нивната фирма-ќерка. Би рекол дека државата треба повеќе да се занимава со друг вид на управување и поголемо нејзино влијание во управувањето на топлинската енергија, при снабдувањето на граѓаните, за да немаме вакви шокови. Бидејќи и кога беше 350 долари за 1000 метри кубни гас топлинска енергија тие беа во загуба и сега кога имаме 800/1000 за 1000 метри кубни гас тие се незадоволни“, посочи Бошковски.

Тој предвидува финансиски, а не егергетски шок.

„Електропреносните мрежи се во кондиција за да можат да го надохнадат сето тоа. Потребни се пари за да се избегне електрична криза. За БЕГ, бидејќи е природен монопол, треба друга форма и модел да се најде на управување, односно повеќе да се внимава. Бидејќи ударите кои можат да настанат се посериозни. Имајќи во предвид, бидејќи во претходните 10 години имавме граѓани кои се исклучуваа од парно греење и нивната трансформација во преминување на електрична енергија за греење, ќе ја оптовари дополнително електричната мрежа на Град Скопје, што ќе доведе до технички проблеми односно испади“, додаде тој.

Посочи дека треба да се внимава на регионалните случувања, а да не се запоставуваат домашните енергетски ресурси.

„Веројатно има затајување при управувањето на енергетските компании, кои не ги следеле региоанлните случувања навреме. Има задоцнети одлуки. Но, од сето ова, како што реков, треба да извлечеме поуки и со зелената транзиција да бидеме внимателни, треба Регулатрна комисија да превземе мерки околку промената на пазарните правила за електрична енергија, треба веројатно да се приклучиме кон регионалните берзи, за да им се овозможи поголема флексибилност на самиот пазар на елеткрична енергија на самите ученисици, како би се намалиле последиците при вакви кризи. Таму каде пазарите се пофлексибилни, таму и шоковите се помали“, посочи Бошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања