Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

(ВИДЕО) Бошњаковски: Нема простор за паника, утврдената бактерија МРСА не е опасна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Во однос на случаите на МРСА коишто се појавија во Основно Училиште во Бутел и во детска градинка во Чаир, портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција истакна дека апсолутно нема простор за паника.

— реклама —

Бошњаковски, меѓу другото, рече дека според информациите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, станува збор за бактерија од групата на стафилококни бактерии и според направените анализи од државниот санитарен и здравствен инспекторат и од резултатите од центарот за јавно здравје овој вид на МРСА, се лекува со антибиотска маст за нос.

Истовремено, како што истакна Бошњаковски, од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат се преземени сите неопходни мерки и во училиштето и во градинката. Исто така, додаде Бошњаковски дека е спроведена дезинфекција, механичко чистење на просториите и сите други мерки кои ги наложува протоколот при појава на каква било бактерија.

— реклама —

На денешната прес – конференција портпаролот Бошњаковски потенцираше дека нема потреба од затворање ниту на училиштето, ниту на градинката во двете скопски општини.

Инаку во училиштето во Бутел единствениот случај е пријавен на 22 февруари.

Останатите земени брисеви од соучениците се негативни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања