Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(ВИДЕО) Бродови од Втората светска војна испливаа од морското дно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Магазин
brodovi-japonija

Дури 24 бродови што беа потонати за време на битката за Иво Џим, во која Американците и Јапонците се судрија во последните месеци од Втората светска војна, испловија од морското дно на брегот на Иво Џим.

Причина за ненадејното појавување на бродоломи е движењето на морската почва поради активноста на вулканот Сурибахи, пишува „Дејли мејл“.

— реклама —

Снимките на јапонскиот весник „Ал Нипон“ покажуваат остатоци од трупот на 24 транспортни бродови што беа заробени од Американците, а потоа преместени во западниот дел на Иво Џим, за да послужат како основа за формирање на пристаниште што не постоело на островот во тоа време.

— реклама —

Овие бродови служеле како заштита од бранови и ветер за американските бродови, војниците, оружјето и опремата.

Неколку децении подоцна, сеизмичката активност на вулканот Сурибахи, кој се смета за еден од најактивните во Јапонија, го подигна морското дно, а со тоа и бродовите.

— реклама —

Денес нема жители на островот, но има јапонски вооружени сили кои дошле таму откако Американците го вратиле островот под контрола на Токио во 1968 година.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања