Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Видео) Чарлс Трети седна во тенк за време на посетата на Кралскиот тенковски полк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 часа -

Свет
media-library1605fqtsgvjce10eq7I
screenshot x

Британскиот крал Чарлс Трети се возеше во тенк за време на својата прва официјална посета на Кралскиот тенковски полк, откако во 2023 година стана негов почесен командант.

Кралот пристигна во Музејот на тенковите во Бовингтон, во англиската грофовија Дорсет, со оклопен автомобил „Ролс-Ројс“ од 1920 година. Истото возило го користеше и покојната кралица Елизабета Втора при посетата на музејот во 1997 година.

— реклама —

На прашањето што мисли за историското возило, Чарлс низ шега одговори дека е „многу бавно“.

— реклама —

За време на посетата ги разгледа поставките во музејот и се запозна со историјата на тенковите, од Првата светска војна до денес.

— реклама —

Подоцна им додели медали на припадниците на полкот, меѓу кои и признанија за учество во операцијата „Кабрит“ во Естонија, како и одликувања за долгогодишна служба и заслуги.

— реклама —

Кралот го разгледа и најновиот британски борбен тенк „Челинџер 3“, а му беа претставени и современите технологии што ги користи полкот, вклучувајќи опрема изработена со 3Д-печатење, како и извидувачки и борбени дронови.

Со заштитен шлем на главата, Чарлс на крајот седна на командантското место и се возеше во тенкот „Челинџер 2“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-06-18-at-10.56.47

Јанкуловска со остра реплика до СДСМ: ‘Според вашата реакција, изгледа предметите навистина се суделе во вашиот штаб’

Коментари | пред 7 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања