Граѓаните утринава снимале видеа од Ченто, Ново Лисиче и Радишани кои јасно покажуваат колку е алармантна состојбата со воздухот во главниот град. На снимките се гледа дека чадот и смогот целосно ја прекриваат котлината – во Ново Лисиче видливоста е речиси нула, а од Радишани - Скопје едноставно исчезнува во густата сива маса.'
View this post on Instagram
Проблемот со „Дрисла“ и „Вардариште“ не е решен. Депонијата „Дрисла“ со години е симбол на пожари и загадување, а и покрај бројните ветувања за модернизација, граѓаните повторно живеат со последиците. Петицијата која моментално кружи бара таа да остане во јавно владеење на Град Скопје и да се претвори во современ центар по примерот на Љубљана.
View this post on Instagram
Во меѓувреме, за „Вардариште“ веќе има обвинение, а случајот се претвори во политичко бојно поле. Единствената добра вест е дека ќе има 24 часовен надзор од приватана агенција за обезбедување. Партиите се препукуваат кој е виновен за состојбата и кој со години ја запоставувал депонијата, наместо да се најде решение за трајно затворање или санација.
Граѓаните реагираат со протести, блокади и јавни собири, барајќи итни мерки. Но, наместо конкретни решенија, јавноста повторно слуша само меѓусебни обвинувања меѓу политичарите – кој е крив, а кој не е.
View this post on Instagram