Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

(Видео) Ченто за годишнината од пресудата за „27 април“: „Вие нѐ осудивте, историјата ќе нѐ ослободи, бараме правда“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Коментари
jane-cento

Осудениот за настаните од 27 април 2017 во Собранието на Македонија, Јане Ченто, со објава на социјалните мрежи се осврна на 15 март 2019 година, денот кога беа изречени пресудите за овој случај.

Според него, процесот не бил вистинско судење, туку политичка пресметка, во која, како што тврди, правдата била заменета со однапред подготвена пресуда.

— реклама —

„Тоа не беше судење во вистинска смисла на зборот. Тоа беше политичка пресметка, маскирана како правда. Судење во кое вистината беше заменета со наратив, а правдата со однапред напишана пресуда“, напиша Ченто.

— реклама —

Тој во објавата тврди дека сите учесници во процесот подоцна биле наградени со функции и унапредувања, што, според него, говори за природата на судскиот процес.

— реклама —

Ченто наведува дека случајот „27 април“ ќе остане запишан како едно од најмрачните поглавја во независна Македонија, обвинувајќи дека власта се пресметувала со политички неистомисленици преку притисоци, тортура и злоупотреба на институциите.

Во објавата тој истакнува дека, според него, пресудата резултирала со повеќе од 200 години затворски казни за обвинетите.

„Вие нѐ осудивте. Историјата ќе нѐ ослободи. Бараме правда“, напиша Ченто, додавајќи дека борбата за вистината ќе продолжи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn6sfp5er2ich6dM57Ie

Ченто: Нема да прифатам „вистина“ што е создадена на хартија, а не во реалност

Коментари | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryn6sfp5er2ich6dM57Ie

Емотивна исповед на Ченто: Имаше денови кога не знаев дали ќе останам жив…

Коментари | пред 2 седмици

media-libraryg0t9jvdbjaqh972Y0KU

„Одговорноста не застарува“: Ченто реагира на изјавата на Заев

Коментари | пред 3 месеци

Jane-Cento-696x371

Најголемото зло во правосудниот систем се "фамилијарните кланови", засекогаш мора да се стави крај на тоа ако сакаме правна држава, вели Ченто

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања