Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Четворица малолетници снимале како го палат македонското знаме и го објавиле на „ТикТок“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryj9gmdvcu8e0n8V29LI6

Случајот со видеото на „ТикТок“ на кое се гледа палење на македонското знаме е расчистен, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Секторот за внатрешни работи Тетово, преку Одделението за компјутерски криминал, во координација со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, на 22 септември, при мониторинг на социјалните мрежи, ја забележале спорната објава.

— реклама —

Од МВР наведуваат дека со содржината било сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“, предвидено со член 319, став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Со преземените оперативни мерки, на 23 септември бил утврден идентитетот на авторот на профилот. Станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово.

Во полициските простории, во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа Тетово, бил извршен службен разговор со малолетникот, при што тој го признал делото. Со согласност на родителот бил обезбеден и мобилниот телефон од кој било објавено видеото, за потребите на постапката и фотодокументирањето на доказите.

— реклама —

Во текот на разговорот, малолетникот посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. Од МВР информираат дека тие дополнително ќе бидат повикани во полициска станица за целосно расчистување на случајот.

По целосното документирање на предметот, до Основното јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk5himr30995mdGsvcm8

13 лица приведени во пет градови, полицијата заплени марихуана, прашкасти материи и таблети

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
izletal-od-pat

„Мерцедес“ излетал од автопатот кај Трубарево и завршил во двор на куќа, двајца тешко повредени

Скопје | пред 13 часа

pistol

Го оставил незаклучено товарното возило во Чаир, па му го украле пиштолот

Скопје | пред 13 часа

media-libraryidp924v7036ad0oOuSa

Го оставила кучето без надзор на улица, тоа каснало жена – кривична за 35-годишна кратовчанка

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања