Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Голема трагедија на Халкидики: Семејство загина по судир на цистерна со автомобил, преживеа само едно дете

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Настани
media-library4rldb772tmnv3dGqahT

Тројца членови на едно семејство го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што вчера се случи на регионалниот пат Полигирос – Агиос Николаос на Халкидики, јавуваат грчките медиуми.

Според информациите на „Прототема“, автомобил со молдавски регистарски таблички, во кој патувало четиричлено семејство, се судрил со цистерна.

— реклама —

На местото на несреќата починале мајката и едното дете, за кое грчките медиуми наведуваат дека било бебе. Таткото бил пренесен во болницата на Халкидики, но подоцна им подлегнал на тешките повреди.

— реклама —

Единствениот преживеан е другото малолетно дете, кое е хоспитализирано и му се укажува лекарска помош.

Возачот на цистерната не е повреден и, според информациите, се наоѓа во добра здравствена состојба.

— реклама —

По несреќата, на терен интервенирале пожарникари, кои со специјална опрема ги извлекле жртвите од уништениот автомобил.

— реклама —

Причините за трагичната сообраќајна несреќа сè уште се утврдуваат, а истрага спроведува сообраќајната полиција во Полигирос.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 19 часа

— реклама —
trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 2 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања