„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Црвенковски: Македонија 12 години не може да направи чекор напред кон ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
branko

Бранко Црвенковски, поранешниот претседател на Македонија, зборуваше на вчерашниот форум за Западен Балкан, кој се одржуваше во Сараево. Потсети дека секоја земја од Западен Балкан има поставено стратешка цел – членство во Европската унија, пренесува „Кликс.ба“

— реклама —

— реклама —

Зборувајќи за искуството на Македонија на тој пат, Црвенковски посочи дека земјата веќе 12 години не може да направи ниту еден чекор напред и потсети на барањата на Грција, Франција и на Бугарија, кои, како што рече, немаат никаква врска со пропишаните критериуми од страна на Европската комисија потребни за започнување на преговорите.

— реклама —

Тој жестоко реагираше и на излагањето на поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев кој ги повтори познатати тези за македонскиот народ и јазик како титова творевина.

– Јас мојата реакција на изјавата на претседателот Плевнелиев ќе ја почнам на македонски јазик. И тоа не случајно. Тоа е мојот мајчин јазик, тоа е јазикот на кој говорел мојот татко, мојот дедо, и дедото на мојот дедо. Значи неколку генерации пред мене кои што биле и родени и живееле уште пред да се родат и Јосип Броз Тито и Сталин.

Потсети дека земјата дури го промени и името, но рече дека процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ е „забавен, да не кажам – запрен“. Затоа, тој се прашува кои се намерите на европските земји и посочи дека некои земји го блокираат пристапот на нови членки.

Што ако сме принудени, не по своја волја, да бараме алтернативи. Да не бидам погрешно разбран, како алтернатива не ги сфаќам ниту Истокот ниту Далечниот исток, рече Црвенковски, објаснувајќи дека земјите од регионот треба да „се европеизираат со свои капацитети“.

видео: Канал 5

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања