Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Да престанеме да бидеме публика во сопствената држава“, рече Мицкоски на конгресот каде бара трет мандат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Настани
media-libraryaio7a80l57vdf2TAnSx

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од конгресот на партијата, вели дека Македонија влегува во деценијата на зрелост, а дека оваа генерација треба да постави темелна линија дека државата може, знае и ќе успее.

„Нашиот порив денес е повеќе од политиката. Тоа е повикот да престанеме да бидеме публика во сопствената држава, да престанеме да дозволуваме стравот, цинизмот или навиката да го определуваат нашиот пат. Македонија не смее да живее во дефанзива, туку треба да застане со достоинство и волја која не се крши“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој рече дека денеска е дом за сите, но и обврска за секого.

— реклама —

„Слободата не е подарок, туку дисциплина, Европа не е географија туку вредност, а напредокот не доаѓа од тие што чекаат, туку од тие што тргнуваат да го создадат. Ние сме тие што мора да тргнат. Никој од надвор нема да ни ја изгради државата, ниту заштити инсторијата, ниту напише визијата“, додаде Мицкоски.

Тој посочи дека во изминативе години се научило дека „Македонија не паѓа кога е тешко, туку паѓа кога се откажува“.

— реклама —

„Денес одбиваме да се откажеме, одбиваме да ја прифатиме идејата дека малата држава мора да има мали амбиции. Одбиваме да веруваме дека нашите деца треба да заминат од овде за да успејат. Одбиваме да прифатиме дека Македонија е премногу мала. Напротив, Македонија е доволно голема, како што е голема нашата волја да ја направиме подобра“, додаде Мицкоски.

— реклама —

Следете тука:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 22 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 22 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања