Промени тема
Контакт

(Видео) Дали кофата за гаснење на пожарот во Пулс не била и во рацете на Обвинителството во Кочани?, праша адвокатот на Шабан Салиу

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library0hjb2374nfcsfxRqNP2
Скопје1.мк

Димитар Дангов, адвокат на Шабан Салиу, го нападна Обвинителството со обвинението кое тие го поднесоа против ексдиректорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

— реклама —

Тој ги праша обвинителите, „дали кофата за гаснење на пожарот не била и во рацете на Обвинителството“, со оглед дека тие како орган на прогон можеле да отворат предмет по допрен глас и да утврдат криминално поведение кај страните кои денеска се на обвинителна клупа.

— реклама —

„Ако некој во синџирот на каузалната врска си ја вршеше својата работа, и на 15 март 2025 година или на 16 март 2025 година пред да се запали фитилот на огнометот, го затвореше Пулс, дали во таков случај кога пожарот немаше да се случи, да дадеше Господ така да беше, Шабан Салиу ќе беше одговрен, само затоа што 9 до 14 години порано не постапувал по управно-правни обврски кои не биле ниту во негова надлежност. Дали во таква ситуација кога го нема пожарот, ќе се сметаше дека го сторил делото? Ќе беше ли одговорен? Не! Немаше да биде одговорен како што и сега не е одговорен, но немаше да биде ни обвинет“, додаде Дангов.

Според адвокатот, се бара вина од Салиу само поради болката која трагедијата ја донесе.

— реклама —

„Тој е обвинет само поради пожарот на 16 март и болката која таа трагедија ја предизвика во нашето општество. Болката колку и да е силна, не може да биде причина за обвинение. Правда не се гради на чувства туку на вистина. Да биде осуден, не е доволно Салиу да биде обвинет“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf0u7vqq2ekmj8jMmxJn

Двајца или тројца луѓе биле потребни за да се извлече едно лице од дискотеката, сведочеше пожарникар за трагедијата во „Пулс“

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
IMG_5515

„И Бурџ Калифа ќе испадне занаетчиска работа!“ – родителите на загинатите во „Пулс“ револтирани од вештачењето претставено во судот

Македонија | пред 4 дена

IMG_5572

„Концертот требало да биде спречен!“ – родителите на жртвите од „Пулс“ со жестока реакција

Македонија | пред 5 дена

IMG_5515

Родителите на загинатите во „Пулс“ по барањето на одбраната за супервештачење: Како вештак што не може да одговори на сите прашања ќе го оспори целото вештачење

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања