Промени тема
Контакт

(Видео) Деца вандали превртувале контејнери и уништувале опрема во Аеродром: ова го правеле два дена по ред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-libraryritbefe5t7vo1rnsqk0

Два дена по ред, околу 22:30 часот, група млади лица со мотори вандализирала училишен двор во општина Аеродром, оштетувајќи јавен простор наменет за учениците и жителите.

Според информациите од општината, лицата превртувале контејнери, оштетувале урбана опрема и оставале неред во дворот.

Надлежните информираат дека сторителите се идентификувани и дека против нив е поднесена соодветна пријава.

— реклама —
— реклама —

Од општината посочуваат дека вакви случаи на вандализам биле забележани и на други локации, каде што биле оштетувани детски игралишта, урбана опрема и други јавни содржини.

— реклама —

Поради зачестените инциденти, најавени се засилени контроли и надзор во соработка со Министерството за внатрешни работи, особено на локациите кои најчесто се мета на вандалски дејствија.

Од локалната самоуправа порачаа дека ваквото неодговорно однесување нема да биде толерирано и апелираа до граѓаните да пријавуваат слични случаи со цел заштита на јавниот имот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydth6h2eudh185pHDXff

(Видео) Нов случај на вандализам: дете крши улично осветлување во 2 часот по полноќ во Стар Аеродром

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-library256jl4duf8j27JItQRP

Вандализирани 45 столбови за зимска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, штетата е најмалку 8.000 евра

Македонија | пред 3 седмици

media-librarytltk8vkr8lfp8EL652W

(Фото) Вандализам во струшко: Искршени надгробни споменици на гробиштата во Боровец

Македонија | пред 1 месец

media-library8lg19o79131j0QLBi6S

(Видео) Вандали го оштетија КУД „Српски вез“, Стоилковиќ: Сквернавењето со натписите „УЧК“ најстрого да се санкционира

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања