„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Девојче крши излози во Капиштец, жителка бара од соседите ако некој го познава да пријави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
izlog

Нарушување на јавниот ред и мир по полноќ во скопската населба Капиштец. Жители алармираат дека девијче крши излози.

— реклама —

Сред ноќ, 03:15, повик од полиција. Излогот ви е искршен, дојдете овде е се отворено.

Колку и да објаснувам не можам да го доловам чувството на вознемиреност, страв и неизвесност. Сред ноќ, не знаш кај си, не знаеш ни што се случува ни што се случило ни како ќе се заштитиш.

— реклама —

Прегледување камери. Искршен излог. Деца шетаат. Љубезни соседи кои го гледаат нередот и се обидуваат да стапат во контакт. Снимка по снимка, го бараш моментот кога и што се случило.

И не помага сознанието дека е дете. Останува непријатното чувство на незаштитеност барајќи чувари на сред ноќ кога сите спијат.

Поразителната констатација дека младината ни е за никаде, ќе си ја повториме уште неколку пати, и ќе продолжиме понатаму, за жал без некоја суштинска промена. Освен ако не им дојде полиција на врата. Па да почувствуваат реално дека дејствата во вистинскиот свет имаат последици.

Како што има последици и за нас. Како што за мене значеше непреспиена ноќ, физичко лошење од вознемиреност, вознемирени деца кои спијат до мене. Како што значи финансиски трошоци.

Во спротивно, ќе простиме зашто ДЕВОЈЧЕТО “било луто”, “не сакало”, “било младо”. И јас сум била млада, па и лута, ама ни на крај памет не ми дошло да шутирам по излози, туку не сум ни ѕиркала по туѓи излози навечер бидејќи сум знаела дека е погрешно - да не ти излезе некој, да не има камери, да не направиш беља. Несакајќи.

А денес за жал, не само што немаат ОСНОВНА култура и одговорност, туку се и максимално безобразни, невоспитани и усилени. Внатрешниот порив им дава за право да шутираат по излози, зашто реално, нема да осетат никаква последица.

Затоа ве молам, комшии од Капиштец, погледнете го видеото и пишете ми доколку го препознаете девојчето. Последиците нема да бидат којзнае какви, но ако нема никакви, со здравје да си одиме.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања